Заев: Утре нова лидерска, однесувањето на Мицкоски неодговорно
Сите што останавме на лидерската средба сме за успешен референдум, а однесувањето на Мицкоски демонстрирано во име на ВМРО-ДПМНЕ е несериозно, неодгороно и навредливо кон сите политички субјејктки и граѓаните на Македонија, рече вечерва премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по лидерската средба во клубот на пратениците.
Заев соопшти дека за утре во 12 часот е закажана уште една лидерска средба во помал состав на која, како што истакна, Мицкоски ќе може да се изјасни дали е за НАТО и ЕУ, како и дали е за тоа граѓаните да одлучуваат за иднината на Македонија.
- Ако Мицкоски е за НАТО и ЕУ требаше да седи со сите лидери тука и да носи одлуки за иднината на државата, но одлучи да избега од ова историски најважно прашање за македонската иднина, потенцира Заев
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност