Македонија
17. December 2017 - 16:09

Заев утре на неформален состанок кај Могерини

Европската унија ќе покани балканските премиери на вечерва во Брисел. Поканата на која стои и името на премиерот Заев ја испрати високата претставничка за надворешна политика Фереика Могерини

 Европската унија е посветена на засилување на ангажманот кон земјите од регионот со цел да обезбеди шесте држави од Западен Балкан да ги преземат потребните чекори за нивното напредување кон ЕУ да стане неповратно, се вели во соопштението од унијата.

На неформалната средба главна тема се очекува да бидат европските перспективи на земјите од Балканот како и стратегијата која идната година треба да ја објави европската Комисија и која ќе ги трасира политиките на официјален Брисел кон земјите од регионот. Тие пак, имаат големи очекувања токму од овој документ кој треба да ги даде насоките на пристапување на Србија и Црна Гора кон Унијата до 2025 година како и идните чекори кои треба да ги направат Македонија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина.

Ова е трет неформален состанок на лидерите на земјите од западен Балкан со Могерини и претставува продолжување на разговорите на високата претставничка од мај годинава.

Се очекува патувањето во Брисел, лидерите да го искористат и за меѓусебни билатерални средби.