Заев: Уставните измени денеска во Службен весник, следи известување до грчкото МНР
Уставните измени за Договорот од Преспа што беа изгласани вчера во Собранието денеска треба да бидат објавени во Службен весник на РМ по што, според премиерот Зоран Заев, на почетокот на следната недела македонското Министерство за надворешни работи ќе испрати нота до грчкото МНР за да ги известат дека е завршен процесот.
– Верувам дека уште на почетокот на идната седмица со објавувањето во Службен весник денеска на донесените вчерашни одлуки ќе ја испратиме нотата од нашето МНР до МНР на Грција да знаат дека е завршен нашиот процес. Веднаш после тоа тие влегуваат во нивниот процес за ратификација на Договорот, а веднашп после тоа и за ратификација на протоколот за членство во НАТО. Со тоа стапува во сила Договорот од Преспа. Следува нашата обврска да пуштиме писмо до сите земји во светот за одлуката што ја донесе македонскиот Парламент, тоа е дел од обврската од Договорот и тоа ќе го направиме, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.
Според него, за стапување во сила на уставните измени не е потребен потпис од претседателот на државата Ѓорге Иванов.
Тој во неколку наврати го користеше името Република Северна Македонија иако уште не е стапен во сила Договорот, а причина за тоа, како што рече, е да укаже на сериозноста на одлуката што е донесена во македонскиот Парламент.
– Да, спомнав, за да сфатат граѓаните, првин од устата на премиерот, за сериознаоста на одлуката што е донесена во нашиот Парламент. Договорот стапува во сила откако ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент. Примената е јасно опишан внатре. За меѓународна употреба стапува веднаш, за домашна употреба со отварање на поглавјата не повеќе од пет години е опишано детално. Но дефинитивмо, тоа е решението кое го прифативме и кои ги отвора перспективите на целиот наш народ и нашата земја, истакна премиерот Заев.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица