-->
-->
Заев: Упатувам огромна благодарност до Шекеринска, ова не е збогување
-->
На вчерашниот 26. конгрес на СДСМ, Сања Лукаревска беше прогласена за заменик претседателка на партијата, по повлекувањето на Радмила Шекеринска.
Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев се огласи и на Фејсбук.
„Упатувам огромна благодарност до нашата другарка Radmila Sekerinska, мојата заменичка во најтешките години кога земјата ја извадивме на прав пат.
Заедно се боревме против огромно зло, заедно се радувавме на историските успеси. Нејзината посветеност, темелност, аналитичност и самокритичност се пример за сегашните и идните социјалдемократски генерации.
И Радмила и јас добро знаеме дека нови успеси се можни само со нови идеи и кадри кои црпат поддршка и знаење од сениорите.
Ова не е збогување, ова е реорганизација. Радмила продолжува со сите нас, до нови големи успеси за граѓаните и за државата“, напиша Заев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност