Македонија
20. January 2021 - 16:36

Заев тврди дека Литовски сам барал да замине од комисијата, опозицијата обвинува дека се врши притисок

Литовски сам побарал да не му се продолжи договорот како член на историската комисија која преговара со Бугарија. Ова го тврди премиерот Заев кој вели дека за одлуката на членот на комисијата добил известување од Министерството за надворешни работи.

Литовски денеска во телефонски разговор за Сител не сакаше да го коментира случајот.

Во опозициската ВМРО-ДПМНЕ се сомневаат дека со смената на еден член од комисијата се прави притисок врз останатие, за како што велат од партијата да се прифатат историските невистини.

Во меѓувреме премиерот вели дека се работи на Акцискиот план за соработка со Бугарија кој треба да ја подобри комуникација меѓу министерствата од двете држави. Заев очекува напредок и од подготвителната седница на мешовитата историска комисија која во петок ќе одржи онлајн средба со по двајца членови од комисиите.