Заев: Турската заедница значаен дел од Македонија, историјата спои држави и народи
Премиерот Зоран Заев на синоќешната прослава по повод Денот на турски јазик порача дека припадниците на турската заедница се значаен и конструктивен дел од општеството, а Турција е земја со која Македонија гради пријателски односи.
- Турција беше прва земја која подаде пријателска рака на самиот почеток на осамостојувањето на Република Македонија. Земја која изрази подготвеност за соработка и помош во сите сфери на општественото живеење. Република Македонија секогаш ќе го има тоа предвид. Отвореноста и блиската соработка се најзначајната алка во градењето на стратешките односи помеѓу двете земји, истакна премиерот Заев пред турскиот вицепремиер Хакан Чавушоглу и турската амбасадорка во земјава Тулин Еркал Кара.
Осврнувајќи се на односите меѓу двете држави, Заев рече дека Македонија и Турција се пример како треба да се соработува и да се влијае врз соработката во регионот и пошироко. Посочи дека Турција придонела Македонија да стане активен учесник во обезбедувањето на глобалниот мир и безбедност и оти Турција постојано и дава безрезервна поддршка на Македонија за исполнување на нејзините аспирации во Европската унија и НАТО.
Турција, како што потсети Заев, е и меѓу најголемите донатори на опрема за АРМ и согласно договорот потпишан пред два дена за воена финансиска соработка меѓу министерствата за одбрана на двете земји е предвидена поддршка од 1,5 милиони долари од Турција за Македонија.
- Освен денешниот празник, Македонија и Турција секоја година одбележуваат значајни датуми поврзани со една од најзначајните личности во историјата на Турција – Мустафа Кемал Ататурк. Историските околности посакаа нашите две земји да бидат поврзани и преку ликот и делото на творецот на модерна Турција кој точно пред 118 години се стекна со диплома на воената гимназија во Битола, Република Македонија. Историјата спои држави и народи, нагласи премиерот Заев.
Нагласувајќи дека годинава се навршуваат 25 години од вопоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, премиерот Заев изрази надеж дека наскори ќе ја посети Турција.
Ново на Сител
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија
-
Младите се пречесто на социјалните медиуми – не пребаруваат за политика
-
Наместо зголемени плати за 12%, вработените во култура не добија никаква плата за март - најавија протести
-
Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори