Македонија
6. December 2017 - 14:20

Заев - Тајани: Реформите во Македонија даваат видливи резултати

Премиерот Зоран Заев, на денешната средба во Брисел со претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тајани искажа задоволството од континуирана поддршка за Република Македонија и за политиката за проширување што ја застапува мнозинството во Европскиот парламент, што постојано се демонстрира преку различни извештаи, изјави и активности од страна на европарламентарците и политичките групи.

- Европскиот парламент беше првата институција на ЕУ која дејствуваше и понуди услуги за медијација кога во Македонија настапи политичката криза, и продолжува да биде еден од најсигурните партнери на Владата на Република Македонија, во интерес на земјата, рече премиерот Заев, додавајќи дека во таа насока очекува да биде дочекана и најновата иницијатива на еден од европските пратеници, т.н. иницијатива Жан Моне.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев го запозна Тајани со главната цел на Владата - да се направи се 2018 година да биде година на успех за Македонија, со донесување одлука за започнување на преговорите за пристап.

- Нашиот пристап во политиката, и во домашната, и во меѓународната, делува без скриени агенди и искрено ги решава сите прашања, без разлика колку се тие лесни или тешки. Драго ни е што нашата амбиција и подготвеност за вистински чекори во процесот на пристапување во ЕУ се совпаѓаат со обновениот импулс и интерес за проширување во ЕУ, истакна премиерот Заев на средбата со претседателот на Европскиот Парламент.

На средбата премиерот Заев нагласи дека „сега е време да се искористат овие напори и во првата половина на 2018 година, Советот на ЕУ да усвои одлука за почеток на пристапните преговори, за која се очекува да пристигне од страна на Европската Комисија“.

Од страна на Владата на РМ, нагласи Заев, постои јасна и неспорна посветеност и енергија за да се испорачаат резултати.

- Испораките на вистинските резуллати од реформите како наш аргумент, се нашиот билет, без кој не можеме да побараме да очекуваме одлука за започнување на преговорите за пристап. Вложуваме напори за повторно воспоставување на Македонија како кредибилен партнер на своите меѓународни пријатели, истакна премиерот Заев на оваа средба.

Претседателот на ЕП Тајани искажа честитки за роформскиот процес што го отвори Република Македонија, и особено што, се наведува, тој веќе дава видливи резултатите.

Во негово, и во име на ЕП Тајани изрази очекување дека во новата стратегија за проширување на ЕУ, што се очекува да биде објавена наскоро, ќе биде испратена јасна порака дека Република Македонија, и другите земји од Западен Балкан се во приоритетите на таа стратегија.

- Претседателот на ЕП Антонио Тајани ја искажа отворената поддршка на оваа институција за Република Македонија, најави интензивирање на соработката со Собранието на РМ, како и поддршка во мотивацијата на инвеститорите од ЕУ да посветат внимание на можностите за бизнис во Република Македонија, се наведува во соопштението.

На средбата, на премиерот Заев со првиот човек на ЕП Тајани, која се оствари веднаш по Молитвениот појадок во Европскиот Парламент, присуствуваа и членовите на владината делегација, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и Никола Димитров, министер за надворешни работи.