Македонија
12. јуни 2017 - 18:57

Заев - Столтенберг: Вратите на НАТО остануваат отворени, потребно е решение за името со Грција

Македонија ќе се обиде да добие покана за членство во НАТО со привремената референца, а потоа во период од две години додека трае ратификацијата кај 29-те змеји-членки на Алијансата да ги реши разликите за името со Грција. Ова е пораката што во седиштето на НАТО на генералниот секретар Јенс Столтебнерг му ја испрати претседателот на македонската Влада Зоран Заев, што тој го кажа и на прес-конференцијата по завршувањето на нивната средба.

Сепак, како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Столтенберг му порача на Заев дека според заклучокот на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, повторено на сите понатамошни самити на Алијансата, дека „поканата ќе биде испратена откако ќе се реши спорот со Грција“.

Запрашан дали ќе побара покана за членство во НАТО под акронимот „ПЈРМ“ или со некакво име „Горна Македонија“, премиерот Зоран Заев одговори дека изминатите години на блокиран процес на интеграции на Македонија во НАТО ги научи сите, испрати порака од регионот, дека меѓудругото стоење во место предизивкува и кризи.

- Во секој случај ќе се обидеме да ја придвижиме Македонија кон полноправно членство во НАТО и за тоа очекувам поддршка од граѓаните на Грција, од власта и опозицијата за решавање на овој прблем. Има алтернативи. Ние се надеваме дека со привремената рефернеца ќе добиеме покана да станеме членка на НАТО и во исто време ќе продолжиме со разговорите со Грција за процесот во ЕУ. Ние очекуваме со привремената референца да добиеме покана од НАТО во согласност со договорите со Грција, а додека трае ратификацијата кај 29-те членки на Алијансата, има две години за дополнително да се најде решение. Алтернатитви има многу, зависи многу од нашиот јужен сосед, но ние бараме причина повеќе за позитивни решанија за стабилност, а тоа најмногу можно ако Макеоднија влезе во НАТО - порача Заев.

Во овој поглед, генералниот секретар Столтенберг порача дека НАТО останува на барањето „заеднички прифатливо решение за името, па покана за членство“. А, во однос на шпекулациите за вмешување на Русија во внатрешно-политичките состојби во Македонија, тој истакна дека „секое надворешно влијане во домашните процеси е неприфатливо“ и посочи дека „најдобар одговор и начин за засилување на отпорот кон надворешното влијание е да се градат силни демократски инстутуции, модернизирање на Владата и имплементирање на реформи“.

Јенс Столтенберг рече дека заеднички прифатливо решение за името во рамки на Обединетите нации не било ексклипцитно кажано како решение, но дека „е важно да е взаемно прифатливо и ако се прифати, како Грција, така и од БЈР Македонија, тогаш можеме да почнеме да се движиме“.

- Но, јас не диктирам и специфизирам решение. Ако е взаемно прифалтиво во рамки на ООН. НАТО ја рабзира важаноста на регионот на Западен Балкан и Алијансата помогна да се стави крај на две етнички војни на Западниот Балкан. Имаме долга историја на Западниот Балкан, работиме блиску со Скопје, имаме канцеларија за врски во Скопје и благодарани сме за контрибуцијата во нашите мисии и операции и за вашето присуство во Авганистан - потенцира Стотенберг.

Претходно, генералниот секретар на Алијансата му порача на пресот на Заев дека „НАТО ја поздравува формацијата на новата Влада, што следеше по месеци со политичка криза во вашата земја“. Тој посочи дека „НАТО и останатите од меѓународната заедница биле шокирани од насилството во парламентот во Скопје во април оваа година, но реален прогрес е направен оттогаш“.

Стотленберг рече дека НАТО продолжува да ги охрабруваме сите страни да ги остават разликите на страна и конструктивно да се обврзат на политички процес во интерес на народот на вашата земја. Тој рече дека разговарале како партнери, за доброто владеење, владеење на правото, засилување на меѓуетничкото општество и за добрососедските односи дека се есенцијални и дека понатамошен прогрес ќе биде од бенефит за сите граѓани и за евроатлантските аспирации на земјата.

- ЕУ и НАТО говорат со еден глас за овие прашања. НАТО инвестира во безбедноста и стабилноста на Западниот Балкан повеќе од две декади и има преогрес во регионот за разлика од 90-тите години на минатиот век. Ние сакаме да ја видиме вашата земја стабилна, што е добро за целиот регион. Црна Гроа стана членка минатата недела 29. членка на НАТО, што покажува дека се отворени вратите на НАТО и за вашата земја. Но, како и со сите аспирантски земји, важен е фокусот на реформската агенда и обезбедување на политичка стабилност. Тоа може да се направи со време. Премиере, вашата земја е веќе важен партнер со години, вашите трупи се во Авганистан и НАТО го цени овој придонес во мисијата „Одлучна поддршка“, додаде Столтенберг.

Изразувајќи задоволство од приемот во централата на НАТО од страна на генералниот секретар и неговиот тим, Заев, кој беше придружуван од вицепремиерите Бујар Османи и Рамдила Шеќеринска, како и од министерот за надворешни работи Никола Димитров, изрази благодарност за поддршката која од НАТО и од канцеларијата во Скопје ја добива Македонија, па во духот на идна блиска соработка, испрати покана до генералниот секретар да ја посети Македонија.

Заев истакна дека Македонија го поздравува членството на Црна Гора во НАТО, што според него е охрабрување за земјата да имаме надеж дека ќе биде следната добра вест од НАТО. Тој рече дека е важно за регионот на Западен Балкан да е безбеден и стабилен, а дека и добри односи со соседи се исто така исклучително важни.

- Ние сме посветени на подобра соработка со сосоедите и посилна регионална соработка. Република Македонија е докажан партнер на НАТО и дава придонес во мисиите на ЕУ и НАТО, а  земјата е и четврти партиципиент по глава на жител во мисијата „ИСАФ“. Превземаме мерки за надминување на насилниот екстремизам и заедничките предизвици. Тоа ќе можеме уште подобро да го направиме ако станеме членки на НАТО, посебно што во Македонија сите партии и етникуми, како и јавноста, го поддржуваат членството во НАТО и јавноста. Ние сме посветени на зајакнување на воено-безбедносните капацитети за да ги постигнеме стандардите на НАТО, потенцираше Заев.

Сепак, македонскиот премиер додаде дека сето тоа е недоволно за членство, бидејќи има пречка, која иако не е фер, сепак рече дека сме посветени на подобрување на односите со соседите и градење на мерки на доверба.

- Ние сакаме членство во НАТО во догледно време. Посветени сме на домашните реформи кои ги бара Европската унија, а посветени сме и на подобрување на демократијата и на социјална кохезија меѓу сите граѓани. Ние сме отворени за соработка со сите за подобра иднина на Република Македодонија како демократска држава која ќе биде дел од евро-атлантското семејство, додаде Заев.

На прашањето дали е можно и без промена на името, а со привремената референца „поранешна југословенска Република Македонија“, нашата земја да стане дел од најголемата воено-политичка организација на светот, Столтенберг одговори дека тој лично бил на Самитот во Букурешт во 2008 година, кога Алијансата одлучи дека ќе остане посветена на пристапување на Македонија во Алијансата, но дека „поканата ќе следи откако ќе има заеднички прифатливо решение на прашањето со името во рамки на Обединетите нации“. Столтенберг беше дециден дека тоа е се уште позиција на НАТО и дека истата е повтореена на Самитите по Букурешт, вклучително и на ланскиот во Варшава.

- Тоа е НАТО позиција се уште и во исто време потцртуваме дека ги поздравуваме јасните пораки од новата Влада дека го интензивираат дијалогот со Грција за да се најде решение за името под капата на Обединетите нации. Има јасни пораки од новата Влада за реформи, за важноста од владеење на правото, меѓуетничко оптшество, добрососедски односи и на силна политичка поддршка за силно партнерство со НАТО. Пред неколку дена, Црна Гора стана 29. земја-членка на НАТО и тешко е да се најде потежок доказ дека е отворена нашата врата за земји што исполнуваат НАТО-стандарди и имплементираат реформи. Чекаме взаемно решение за името. одговори Јенс Столтенберг.

Со оваа средба во седиштето на Алијансата заврши првата официјална посета на премиерот Зоран Заев на Брисел, каде претходно се сретна со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со Високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, како и со еврокомесарот Јоханес Хан.