Бизнис
6. March 2019 - 20:44

Заев: Стечајот за Фени најуспешен во историјата на земјава

Стечајната постапка во Фени е најуспешна во историјата на земјава, тврди премиерот Заев. Вели дека компанијата повторно е двигател на македонската економија.

-Не постои ризик од банкрот со кој вистински се соочуваше компанијата. Вработените се задоволни и добиваат плата која ја надминува просечната нето плата во државата. Долговите се исплаќаат, се отвораат нови работни места, рече Заев.

Менаџментот на компанијата се жали дека има потреба од работници, но не може да најде квалификуван кадар.

Со завршувањето на стечајната постапка, според вицепремиерот Анѓушев, се стави крај на голготата на вработените кои со месеци не земаа плата.

Целта на менаџментот е компанијата да стане најголем извозник на фероникел во Европа. Засега најголем дел од производите одат на европскиот и азискиот пазар.