Македонија
13. August 2020 - 16:45

Заев стана мандатар, уверен е дека ќе состави Влада

Лидерот на СДСМ Зоран Заев го доби мандатат за составување на Влада од шефот на државата Стево Пендаровски. Во рок од 20 дена до Собранието тој ќе треба да го предложи кадровскиот состав на владиниот кабиент, но и владината програма.

Лидерот на СДСМ стана мандатар откако го извести Пендаровски дека колицијата на СДСМ и Беса освоила најмногу пратеничкимандати и дека влегол во сериозни преговори за обезбедување на владејачко мнозинство. Сепак, во овој момент Заев не располага со најмалку 61 пратенички глас. На тоа се надева во наредните 20 дена. Предност за договор поради резултатите  дава на ДУИ. Потврди дека на масата за преговори е и премиерското место иако тој се потготува за 4 години премиерски мандат.

Но Заев не открива  детали за форматот 3+1 или 1+3 години за премиерско место со ДУИ, а најави разговори со Ахмети дури и во текот на денешниот ден. Преговори ќе води и со други партии и пратеници.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пак, реагира дека Пендаровски неуставно му го доделил мандатот на Заев.

Пендаровски пак, при доделувањето на мандатот посочи членови од Уставот врз основа кои го направи врачувањето.

Пред врачувањето на мандатот претседавачот талат Џафери иако вчера најави, денеска се откажа од тоа да свика продолжение на конститутивната седница за избор на собраниски претседател. Тоа го направил поради семејни објективни причини.