Заев: Сработивме и заслужуваме кристално чиста препорака од ЕК
Факт е дека сработивме и навистина Македонија заслужува кристално чиста препорака од Брисел, изјави денеска премиерот Зоран Заев во пресрет на објавувањето на извештајот на Евроспката комисија и доаѓањето во Скопје на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан.
- Важни ми се зборовите во таа препорака, затоа што тоа за нас е или охрабрување или обесхрабрување. Тоа е важно и за граѓаните и за сите вклучени во реформските процеси. После оваа препорака Македонија продолжува со реформите. И навистина ако биде потврдено тоа што е сработено, очекуваме да добиеме кристално чиста препорака. Верувам дека заслужено ќе ја добиеме и тоа ќе биде дополнителна мотивација да продолжиме понатаму со реформите, изјави Заев по завршувањето на денешното судско рочиште за „Поткуп“.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот