Македонија
20. August 2018 - 11:59

Заев: Со влегувањето во ЕУ до поголем економски раст и подобар животен стандард

Македонскиот премиер Зоран Заев на својот фејсбук профил повторно излезе со став околу придобивките од влегувањето на Македонија во Европската унија, овојпат за зголемувањето на животниот стандард за граѓаните.

- Со влегувањето на Република Македонија во ЕУ ќе имаме повисок животен стандард. Со влегувањето во ЕУ се приклучуваме на пазарот од 500 милиони потрошувачи. Ќе имаме зголемен извоз и економски раст, напиша синоќа премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил.