Заев со уште еден апел побара од Иванов да стави потпис на Закон за јазици
Премиерот Зоран Заев денеска уште еднаш упати апел до претседателот Ѓорге Иванов да го стави својот потпис на Законот за јазиците и да овозможи непречено функционирање на демократијата во општеството.
Заев на маргините на завршната конференција на Проектот Мрежа 23+ одговарајќи на новинарско прашање кога се очекува политички договор за Законот за јазиците, како и неговото објавување во Службен весник, посочи дека на неколку средби со Иванов се обидел да го мотивира и да го поттикне да го стави потписот, бидјеќи како што кажа, преку овој закон е блокирано Собранието во својата функција.
- Тоа испраќа порака дека претседателот може да си одлучи кога сака и кој сака закон да го стави таканареченото џебно вето. Тоа не е функционална демократија. Одговорноста е преголема, рече Заев.
Тој нагласи оти треба да се повикуваат надлежните институции како Уставниот суд, но и да се обратиме и до Венецијанската комисија.
- Уставниот суд кажува што е уставно, а што не е. И ако има нешто проблематично може да се промени, рече Заев и додаде дека ако со некои закони се зголемуваат одредени права ќе можеме полесно да влеземе во вака најавуваниот процес за почеток на преговорите со ЕУ.
Ново на Сител
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење