Заев: Со партнерите правиме една убава мултиетничка коалиција
Коалициите ги правиме поради насоките од самите граѓани. Тоа што победува успева да испорачува и слично треба да остане како заедничка понуда и затоа и заеднички ќе настапиме на локалните избори, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Тој повтори дека некаде соработката ќе биде уште во првиот круг, таму каде што тоа е возможно, некаде во вториот круг, а некаде, како што рече може да се случи ДУИ и СДСМ да имаат кандидати во втор круг.
-Така што, после победата ќе се прават коалициите и после завршување на самите избори, но, истовремено коалицијата ја фиксираме односно заокружуваме и со БЕСА и со ДПА, која што исто така се значаен фактор во Парламентот и во Владата и со другите помалку бројни партии од Турците, од Ромите, од Бошњаците, од Власите, од Србите коишто се наши коалициони партнери, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање дали со поддршката што СДСМ му ја дава на ДУИ не се кратат шансите на останатите партии односно можноста Албанците во Македонија да имаат можност да изберат друга опција.
Премиерот Заев истакна со своите партнери прават, како што наведе, една убава мултиетничка коалиција.
-Таа дефинитивно прво го потврдува едно општество за сите, толку значајно и важно за сите со сите наши предности и слабости коишто ги имаме и како политички партии и како коалиции, но дефинитивно тоа е победничката коалиција која што на овие избори 2021 ќе се случи, рече Заев.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите