Македонија
8. December 2021 - 18:18

Заев со честитка до Шолц: Верувам партнерството помеѓу Германија и Македонија ќе се интензивира и надгради

Премиерот Зоран Заев на неговиот твитер налог упати честитка до новиот канцелар на Германија Олаф Шолц по повод стапувањето на функцијата.

-Искрени честитки до новиот германски канцелар, социјалдемократот Олаф Шолц. Во изминативе години ја продлабочивме соработката со Германија како наш искрен пријател и стратешки партнер. Верувам партнерството помеѓу Германија и Македонија ќе се интензивира и надгради, стои во објавата на твитер на премиерот Заев.

Олаф Шолц од Социјалдемократите е именуван за деветти канцелар на Германија на кратка церемонија во претседателската палата во Берлин. Тој денеска ја доби поддршката од германскиот Парламент за да ја наследи Ангела Меркел на функцијата канцелар, при што членовите на Бундестагот гласаа со големо мнозинство по партиска линија на тајното гласање.