Македонија
7. May 2018 - 16:38

Заев: Случајот Поткуп е монтиран за да се спречат бомбите

Со бизнисменот Николов не резговаравме за приватизација на градежно земјиште, туку за донации за изградба на црквата во Струмица. Со вавков исказ премиерот Зоран Заев попладнево пред судот тврдеше дека целиот судски порцес потив него е монтиран, со цел да не ги објавува т.н политички бомби. Доказ за ова според Заев е и целосната снимка обезбедена со посебни истражни мерки, која јавноста не ја виде.

На прашања на јавното ообвинителство и судот Заев ја појасни процедурата за легализација на градежно земјиште и начинот на кој се одредува продажната цена.

Со денешното сведочење на Заев пред судот, процес Поткуп се движи кон самиот крај. На следното рочиште закажано за во среда, во судница ќе биде пуштена и снимката која веќе беше објавена на јутјуб. Со ова завршува и доказната постапка, по која судот ќе ја соопшти пресудата.