-->
-->
Заев се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм“
-->
Премиерот Зоран Заев денеска на пладне во пунктот на спортската сала „Борис Трајковски“ се вакцинираше против Ковид-19.
По вакцинацијата, Заев во изјава за медиумите рече дека се вакцинирал со кинеската вакцина „Синофарм“.
Тој истакна дека одлично се чувствува и дека сите вакцини се безбедни.
„Ја примив вакцината на Синофарм. Ќе ја продолжам мојата дневна агенда попладне. Ги повикувам сите да се пријават на сајтот „вакцинација.мк“. Вакцините се безбедни. Колку побрзо заврши процесот на имунизација, толку побрзо ќе заврши оваа борба со овој невидлив непријател. Нема никаков проблем при имунизација на населението“, рече Заев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација