Македонија
14. October 2016 - 20:57

Заев се сретна со новоименуваниот амбасадор на Словенија во Македонија

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец.

На средбата, соопшти патијата, се разговарало за потребата од фер, демократски и регуларни избори на 11 декември, за што политичките партии, институции, вклучително и Собранието на Р. Македонија, е неопходно целосно да ги исполнат своите обврски.

- Граѓаните на Македонија на регуларни избори мора да ја изразат својата слободна волја, а тоа е првиот чекор кон нормализирање на државата и враќањето на демократските процеси. Потребно е да се овозможи и функционирање на правната држава, поради што СДСМ ги поддржува законите побарани од Специјалното јавно обвинителство, посочил Заев.

Тој го информирал словенечкиот амбасадор дека СДСМ веќе има усвоено конкретни рокови за реализација на реформските приоритети нотирани во Извештајот на Прибе.

На средбата се разговарало и за мерките од Планот на СДСМ за подобрување на животниот стандард на граѓаните преку обезбедување повисоки плати, поддршка на домашните мали и средни претпријатија и отворање нови работни места.

Словенечкиот амбасадор ја пренел пораката дека Република Словенија како долгогодишна пријателска земја на Република Македонија ќе продолжи да ги поддржува перспективите на државата.