Заев се сретна со делегација на мрежата „Македонска платфрома за борба против сиромаштија“
Владата отвора постојана комуникација со граѓанските организации за борба против сиромаштијата, порача премиерот Зоран Заев на денешната средба во Владата со делегација на „Македонска платфрома за борба против сиромаштија“, предводена од претседателката Билјана Дуковска. На средбата присуствуваше и Санела Шкријељ, шеф на кабинетот на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Како што информираат од владината прес-служба, во име на платформата, претседателката Дуковска го запозна премиерот Заев со мисијата на оваа мрежа од граѓански организации која освен постојаната борба, мерки и акции за намалување на сиромаштијата, има за цел и унапредување на принципите на еднаквост, солидарност, недискриминација, промоција и заштита на човековите права и слободи на сите луѓе во Република Македонија.
Таа го замолила премиерот Заев за дополнителна поддршка на нивните акции со што, како што рекла, нивната мисија ќе биде повидлива, и изразила надеж дека новата Влада ќе ја прифати „Македонската платформа за борба против сиромаштијата“ како партнер во креирањето на политиките и во одредувањето на мерките од кои се очекува решавање на едно од најгорливите прашања за одделни граѓани и групи во земјата.
Премиерот Заев ги информирал членовите на мрежата дека е добро запознаен со активностите на платформата и дека целосно ја поддржува нивната работа. Истакнал дека и тој, како и министерката Царовска, која многу добро ја познава работата на сите граѓански организации вклучени во оваа платформа бидејќи била дел од некои од нивните проекти, секогаш имаат отворена врата за нивните предлози и иницијативи.
Членовите на делегацијата кои претставуваат организации што застапуваат различни целни групи најмногу погодени од сиромаштијата како Роми, жени, пензионери и други, го запознаа претседателот на Владата со специфичните проблеми со кои се соочуваат припадниците на овие целни групи, кои главно се лоцираат во дискриминацијата на пазарот на трудот, во социјалната заштита, во здравствената сфера, како и во делот на еднаков пристап до социјалните мерки на Владата.
- Премиерот Заев и претставниците на „Македонска платфрома за борба против сиромаштија“, се договорија дека ќе отворат постојана комуникација за заедничка потрага по решенија за ефикасна борба против сиромаштијата, и дека ќе воспостават практика на заедничка соработка која ќе биде континуирана и која ќе ја намалува сиромаштијата кај сите погодени граѓани и групи, посочуваат од владината прес-служба.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп