Македонија
26. јуни 2019 - 16:18

Заев се повлече од намерата да биде и министер за финансии по реакцијата на опозицијата и ДКСК

Антикорупцинерите го предупредија Заев дека не може да биде и премиер и министер за финансии. Пред почетокот на денешната собраниска седница комисијата со допис ги извести пратениците дека според Законот за спречување корупција и  судир на интерси овие две функции се неспоиливи.

Ако овој предлог помине во Собранието, Комисјата ќе биде принудена да превземе конкретни мерки, согласно законските надлежности се вели во дописот на антикорупционерите. 

На истите овие членови од законот се повикаа и опозициските пратеници, по што премиерот Заев го повлече предлогот. Вели функцијата министер за финансии ќе ја извршува само со изборот на нов финансиер.

Мора да се послушаат сугестиите на опозицијата, како и Антикорупциската комисија, која испрати сериозна порака. Уставот и Законот за Влада дозволуваат премиерот да биде и министер. Сепак, му дадов налог на кабинетот да ја повлече мојата кандидатура за министер за финансии. Согласно овлатувастувањата со Законот за Влада, ќе раководам со Министерството за финансии, се до изборот на нов министер, рече премиерот Заев.

Прашањето  дали премиерот може да извршува и министерска функција отвори дилема и меѓу експертите. Дел од упатените велат дека според членот 44 од Законот за спречување на корупција овие две функции се неспојливи, но предупредуваат дека во исто време овој член е спротивен на Уставот и Законот на Влада кој оставаат простор премиерот да раководи со ореден сектор.