Македонија
24. October 2019 - 16:39

Заев се појави во судница, тврди дека лично се грижел за безбедноста на аудио снимките

Четири пати одев во владата на средба со Никола Груевски пред да ги објавам снимените разговори. Вака пред судот сведочеше Зоран Заев во случајот Таргет Тврдина кој се однесува на незаконското следење на комуникациите. Вели дека во владиниот кабинет не носел аудио материјали а за да го увери премиерот дека поседува прислушувани разговори, на Груевски му ги раскажувал неговите телефонски повици. Во судницата Заев рече дека единтвено тој се грижел за материјалите и не се интересирал како пристигнале во партијата туку му било важно дали потекнуваат од државните институции.

По сведочењето на тогашниот претседател на комисијата за безбедност во СДСМ, Зоран Верушевски, дека разговорите претрпеле промени, лидерот на партијата појаснува дека тоа се однесувало на нецеловитост на периодите во кои некој бил прислушуван. За тоа се интересираше и екс министерката за внатрешни, чие прашање беше единственото кое го имаа обвинетите и нивните адвокати.

Заев не можеше да се сети дали разгворите кои ги објавува ЕЛ Чека биле во материјалите кои тој ги поседувал. Вели не разбирал албански па не посветувал внимание на таквите аудио материјали.