Заев-Ривлин: Можности за интензивирање на безбедносната и економската соработка

Демократската и реформска Влада во Македонија отвора можности за интензивирање на безбедносната и економска соработка со Израел, заклучиле на денешната средба премиерот Зоран Заев и израелскиот претседател Руевен Ривлин, во рамки на официјалната посета на Израел на македонската владина и бизнис делегација.
- Постои искрено пријателство меѓу Македонијано и меѓу граѓаните на двете држави. Република Македонија и Република Израел немаат отворени прашања. Затоа има можности за интензивирање на соработката, констатирано е на средбата, соопшти прес-службата на Владата на РМ.
Израелскиот претседател Ривлин ги поздравил демократските промени во Македонија и реформските определби на новата Влада, коишто отвораат можности за односите меѓу двете земји.
- Владата е насочена да обезбеди квалитетен живот на граѓаните и мотивација младите да останат да работат и живеат во родната земја. Интеграциите во ЕУ и НАТО и продлабочувањето на односите со пријателските држави, како со Израел, многу ќе придонесе кон тоа, рекол премиерот Заев
Како што навел премиерот Заев, искуствата на Израел на безбедносен и економски план се драгоцени и ќе бидат земени предвид од новата Влада во Македонија.
- На средбата е изразена заедничка определба за активности кон заштита на светскиот мир. Исто така договорени се чекори кон економско поврзување на двете земји, стои во соопштението.
Според најавата, премиерот Заев денеска ќе се обрати на Израелскиот совет за меѓународни односи, како и на Бизнис форумот чиј организатор во Ерусалим е Владата на Република Македонија.
Предвидено е утре премиерот Заев да се сретне со домаќинот, неговиот колега, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Премиерот Заев во Израел е придружуван од вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, како и министрите за економија, Крешник Бектеши и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кои исто така ќе имаат одделни средби во рамки на ресорните области.
Ново на Сител
-

Стефан Богоев излегува од притвор, судот ја прифати гаранција од 55 илјади евра
-

Груевски: Ретко демантирам, но никогаш не сум се сретнал и не сум разговарал со Александар Маленко
-

Предлог законот за заштита од пушење го помина првиот собраниски филтер
-

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелациониот суд ја потврди казната
-

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор
-

Приведени осум возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, а еден со активна забрана
-

71-годишник починал по несреќа со трактор
-

Тело на 70-годишна жена пронајдено кај реката Лепенец
