Бизнис
25. April 2019 - 18:30

Заев: Ребаланс на буџетот на средината од годинава поради натфрлени приходи

Ребаланс на буџетот до средината на годинава, најави премиерот Заев. Тврди дека прекројувањето на државната каса нема да се прави поради слабата реализација на капиталните проекти на стартот од годинава , туку затоа што во првиот квартал има натфрлање на приходите, поради што најави и нови проекти, иако старите сеуште не се реализирани.

Според последниот извештај на финансии во првите три месеци реализирани се само 6 проценти од капиталните проекти. Односно за изградба на патишта пруги училишта потрошени се само 26 милиони евра од предгвидените 420 милиони евра за годинава. Но и покрај поразителните бројки премиерот Заев тврди дека 2019 ќе биде економска. Најавените проекти целосно ќе се реализираат.

Според  извештај на финансии во првите три месеци приходите се реализирани со над 21 процент, од јануари до март од даноци собрани се 427 милиони евра, од придонеси 228, 6  милиони евера.  Вкупните расходи изнесуваат 800 милиони евра.

И минатата година реализацијата на капиталните проекти беше слаба поради што Владата одлучи да направи ребаланс и да скрати дел до парите за оваа намена.