Заев: Разочаран сум од исходот на средбата, барањето на опозицијата против секоја логика
Груевизам до доцна во ноќта, барање против секоја логика, против ЕУ и НАТО, против вредностите и принципите, вака премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција го оцени исходот од синоќешната лидерска средба и единствениот услов, кој, како што рече, го поставил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Разочаран сум од исходот на лидерската средба. Имав некоја надеж дека е можно да ја сменат матрицата и да излезат од заложбите на своите претходници. Се потрудивме да излеземе во пресрет, но ВМРО-ДПМНЕ единствено бара предметите на СЈО да дојдат под нивна контрола, да запрат сите предистраги и истраги, криминалот да го заташкаме. Тоа не смееме да го дозволиме, рече Заев додавајќи дека правда и правна држава мора да има и ќе има.
Според него предметите од СЈО ќе продолжат да се процесуираат.
Ново на Сител
-
Владата го објави акцискиот план за борба со корупцијата
-
Подготвен протоколот со кој рестораните очекуваат почеток со работа, ако нема договор ќе има нови протести
-
Фирмите и работниците оставени во рацете на пратениците за користење на мерките за помош
-
Заев: Прашање на денови е кога ќе стигнат вакцините
-
Магазин: И децата страдаат од пост ковид компликации
-
Нов обид на мнозинството да одржи собраниска седница
-
Заев: Нема начин да се манипулира пописот
-
СЗО предупреди дека е нереално да се мисли дека светот ќе се ослободи од Ковид-19 до крајот на годината