Македонија
21. February 2019 - 16:14

Заев размислува дали да поднесе кривична пријава против Мицкоски поради закани по живот

Премиерот Зоран Заев за изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изнесени вчера против него дека се претерани и дека ја разгледува можноста дали да тужи.

-Јас сум од крв и од месо, транспарентен, нормален човек. Само ќе кажам забегана работа затоа што се претера. Јас сум бил во притвори, пред притвори, со одземени пасоши. Сум објавувал политички бомби, но секогаш сум внимавал на зборовите што ги употребувам. Со моите правни советници ќе се консултирам дали треба да тужам, затоа што тој индицира обиди за убиство, зборува за некаква жестокост или сл. Тој тоа што го прави прво зборува за него, но во најмала рака, најблаго кажано е забегано. Времето ќе покаже што е што, останувам посветен на она што е важно за државата и интерес на граѓаните на Република Северна Македонија, рече Заев на новинарско прашање по средбата со лидерот на движењето Беса во рамки на консултации за заеднички претседателски кандидат.