Македонија
20. September 2021 - 13:00

Заев: Растот на цените во државата е помал од растот на цените на светско ниво

На новинарско прашање за инфлациајта и растот на цените во државата премиерот Зоран Заев кажа дека растот на цените кој што се случува во државата не е поголем туку е помал од генералниот раст на цените на светско ниво.

- Растот на цените кој што се случува во државата не е поголем, напротив е помал од генералниот раст на цените на светско ниво. Kорона кризата предизвика одредени проблеми, кои направија покачување не само на прехранбени продукти туку и на метални и други производи. Кај нас се уште инфлацијата е 1.8% корегирана е во буџетот и очекуваме да не помине 2.2% тоа е во рамките на нормалата и за секој пад државата е тука да интервенира. Нашата интервенција за намалувањето на ДДВ-то на цената на струјата од 18 на 5 проценти за 13 проценти е токму една од најважните услуги, електричната енергија влијае на сите други цени и сеуште ја држиме стабилно да не се покачува. Интервенираме со други наши активности и мерки пред се преку стоковите резерви тогаш и таму каде што е потребно со конечна цел да имаме стабилни нивоа на цените, кажа Заев.