Македонија
9. November 2019 - 19:10

Заев, Рама и Вучиќ на нова средба во Охрид

Мал шенген се враќа на голема врата во Охрид.Трилатералните средби помеѓу властите на Македонија,Србија и Албанија за олеснување на протокот на стоки ,услуги ,капитал и луѓе кои ќе допринесат за стабилност на економскиот развој посветен на европската интеграција и подобрување на стандардите на граѓаните продолжуваат утре.По работниот состанок на премиерите Заев, Рама и Вучиќ ќе следи пленарна сесија на лидерите од Западен Балкан со претставници на меѓународни организации и институции.

Во врска со средбата преземени се засилени безбедносни мерки во градот се обезбедуваат сообраќајниците ,улиците и местата каде ќе се движи делегацијата.

Од СВР-Охрид најавија дека со безбедносен план опфатени се сите превентивни и оперативни мерки за непречено одвивање на средбата .