Заев: Проектот „Чебрен“ и „Галиште“ ќе биде 220 милиони евра, банките да дадат поволни камати
Чебрен и Галиште ќе биде помала инвестиција од околу 220 милиони евра, а не мегаломански зафат. Македонија сама ќе ја реализира зашто е финансики стабилна, ликивидноста и солвентноста се зголемени, а има и многу средства во домашните банки, рече денеска премиерот Зоран Заев.
Заев очекува банките да понудат поволни кредити. Во спротивно, земјава ќе биде принудена да обезбеди пари однадвор.
- Преку десетици пати тендери не успеаја. Тргнавме на една реалистична основа. Проценката на инвестицијата е околу 220 милиони евра. Убедени сме дека ЕЛЕМ како главен столб на производството на електрична енергија, може да го понесе овој капацитет заедно со Владата и сите институции. Би влегол во преговарачки процес со сите банки. Очекуваме да формираат конзорциум и сите да пласираат средства, се надевам конкурентни зашто не ни е обврска да земеме од дома пари. Ако не дадат доволно евтини камати, ќе земеме пари од надвор, но верувам дека ќе може да бидат конкуренти, објасни Заев по потпишувањето на Годишната програма за вработување.
Веднаш штом ќе се обезбеди финансирањето, ќе бидат повикани сите градежни компании во Македонија кои можат да работат вакви проекти.
- Изградбата би траела пет до осум години зашто се работи за сериозен проект и во делот на производството на електрична енергија и во делот на водоснабдувањето на целиот регион каде новата акумулација би можела да биде за развој на земјоделството и други активнсоти во Централна Македонија, рече поремиерот.
Ново на Сител
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор