Македонија
1. April 2021 - 13:16

Заев: Пристигна втора донација од Србија од 20.000 „Спутник В“ вакцини

Денеска на прес-конференција Зоран Заев изјави дека во земјава пристигна втора донација од Србија за Македонија од 20.000 вакцини на „Спутник В“. Ова е само првата квота, треба да стигне уште една пратка од 20.000 вакцини. Заев најави дека овие вакцини се со цел да не прекине масовната вакцинација и се наменети за војниците и за здравствените работници кои се уште не се вакцинирани.

„Денеска пристигнаа 20.000 „Спутник В“ вакцини. Овие вакцини стигнаа во период кој е многу важен за да продолжи масовна вакцинација. Србија помогна со првите 8.000 вакцини кои беа наменети за здравствените работници, сега кога почна масовната вакцинација со 24.000 „АстраЗенека“ вакцини, за да не прекине динамиката овие два пати по 20.000 вакцини се драгоцени додека да стигнат нашите кои се нарачани од Кина, Русија, Фајзер. Овие 20.000 вакцини од првата квота се за да го продолжиме процесот на вакцинација во континуитет“, рече Заев.