Македонија
20. October 2019 - 20:30

Заев: Предвремени парламентарни избори на 12 април 2020

Премиерот Зоран Заев вечерва по средбата со партиските лидери кај претседателот Стево Пендаровски најави дека постигнале договор предвремените парламентарни избори да се одржат на 12 април 2020 година.

Како што соопшти премиерот и лидер на СДСМ по средбата, лидерите постигнале консензус предвремените избори да се одржат на 12 април следната година, поради што согласно договорот за т.н. Пржинска влада, тој ќе се повлече од премиерската функција на 3 јануари.

о вечерашната изјава Заев замина на средба со лидерите на партиите коалициски партнери на СДСМ.

На лидерската средба попладнево кај претседателот Пендаровски присуствуваа лидерите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицковски, а од партиите на Албанците присуствуваат пвите луѓе на ДУИ, Али Ахмети, на БЕСА, Билал Касами, на Алијанса на Албанците, Зијадин Села и на Алтернатива, Африм Гаши. Во вила „Водно“ иако ненајавен пристигна и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

- Изборите по сите демократски стандарди и да победи најдобриот, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети по лидерската средба.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи потврди дека постигнале договор за изборите на 20 април догодина иако премиерот Заев побарал изборите да се одржат во декември но тој предлог го отфрлиле.

– Се договоривме за предвремени избори и важно е народот да реши за понатамошниот пат на нашата држава и цело време опостојуваме на тоа дека ова што граѓаните на Македонија остануваат посветени на евроатланскиот пат и да ги средиме домашните задачи за да останеме на патот на евроатланските интеграции, изјави лидерот на БЕСА Биљал Касами.

Зијадин Села од Алијансата на Албанците се пошегува дека на средбата дошол со потпреседателката на партијата инаку ова би било само клуб на мажи.

-Се согласивмедека немаме друг пат освен евроатланските интеграции и постигнавме консензус за избори на 12 април. Ние како партија бевме спремни и за други датуми, но 12 април е добар датум зошто дотогаш очекуваме да се ратификува членството на Македонија во НАТО. 12 април е можноста да се врати демократијата во Македонија и надежта кај младите кои бегаат од Македонија немајќи добро образование, здравствена заштита и други проблеми, истакна Села.

-Разговаравме принципиелно кога може да имаме предвремени парламентарни избори. Сепак овој парламент треба да го ратификува последниот договор за членство во НАТО, а 12 април ќе биде еден ден за сите добар ќе изгрее ново сонце, особено кај Албанците да има нови промени и тоа ќе биде добробит за сите граѓани, истакна лидерот на Алтернатива Африм Гаши.

-Разговаравме за предвремени парламетарни избори кои се неминовност после ова што се случуваше, а тоа е оној дебакл кој го дожива Владата предводена на Зоран Заев. Поразени се арамилукот, неправдите и сите оние криминални афери кои се случуваа во изминатиот период. Следуваат парламентарни избори, победува „Обновата на Македонија“ и потоа засукување ракави и работа, работа, бескомпромисна работа секој ден за да може да го постигнеме сето она што е изгубено во овој период, за Македонија да ја ставиме на онаа брза лента за да стане дел од европското семјество, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Сите учесници на лидерската средба истакнаа дека немало дилеми дека Македонија мора да продолжи по евроатланскиот пат, што претходно беше истакнато и од претседателот Стево Пендаровски.

На лидерската средба е отворено и прашањето за престојниот попис на населението но засега предвремените избори се приоритет.