Македонија
28. August 2017 - 13:03

Заев: Празниците да ни ја вратат добрината во душите

Од Соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица кој е во изградба, премиерот Зоран Заев упати празнична честитка до христијанските верници.

- Ова е еден од нашите поголеми христијански празници кога не личи да сме во нашите цркви, во нашите храмови со нашиот народ за да споделуваме христијански вредности. Споделувањето на христијанските вредности значи дека сме добри луѓе, кои сакаме да си помагаме, меѓусебно да си пружиме рака и заедно да се надеваме на подобра иднина на сите нас, рече Заев.

Тој нагласи дека Македонија е се што имаме.

- Македонија е се што имаме, а нашата црква е нашиот покровител, надевајќи се дека овие празници ќе ни ја вратат добрината во душата за да продолжиме да бидеме пред се добри луѓе. Нека ни е честит празникот, Успение на Пресвета Богородица, рече Заев.

Претходно, претседателот на Владата на РМ, Заев присуствуваше на утринска литургија во манастирот „Свети Леонтиј“ во Водоча, а попладнево ќе ја посети и црквата „Пресвета Богородица“ во близина на Берово.