Македонија
17. October 2016 - 16:15

Заев: Потребно е преструктуирање на општеството

Мораме да се посветиме на граѓанинот и поединецот со конкретни и прагматични чекори.

Ако велиме дека прагот на сиромаштија минимум за поединец е околу 12.000 денари, општеството не може да биде среќно ако не обезбедиме таков приход за секого, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев по повод меѓународниот ден за борба против сиромаштијата.

Луѓето бараат храна, значи постои глад во Македонија и тоа е поразително за сите нас.

Мора да создаде систем за праведно оданочување, со кое државата ќе биде редистрибутор на богатството. Буџетот најмногу треба да го полнат најбогатите, а најголем бенефит да имаат најсиромашните.

Заев рече дека државата мора да се насочи со искрени политики на вработување на младите, кои штом завршат со образование, преку интервенција на државата да добијат тренинг кој покасно ќе резултира со вработување.