Македонија
29. July 2019 - 21:17

Заев: Посветени сме на применливи европски и светски практики во сите области, вклучително и во сметководствената дејност

 Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со претставници на Сојузот на стопански комори и од Комората на сметководители, со Драган Митковски, потпретседател на Сојузот на Стопански комори и претседател на Комората на сметководители и Александар Милоше, потпретседател на Сојузот.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, се разговарало за предвидените измени на Законот за вршење сметководствени работи, со цел поефикасно регулирање на сметководствената дејност и подигнување на кредибилитетот на Институтот за сметководители и овластени сметководители.

 

На средбата била изразена заедничка определба за решавање на прашањата од интерес на сметководителите и овозможување транспарентно и одговорно работење.

-Ова е време на прогрес и како Влада цврсто сме посветени на применливи европски и светски практики што значат развој во сите области, вклучително и во областа на сметководителската професија, посочил премиерот Заев