Македонија
25. October 2019 - 15:51

Заев: Пописот најдоцна во 2020-та или 2021 година

Се губи шансата за попис напролет поради предвремените парламентарни избори, но најдоцна во 2020 или 2021 година тој ќе биде спроведен, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарски прашања во СГГУ „Здравко Цветковски“.

Заев најави состанок со директорот на Државниот завод за статистика за понеделник или вторник, на кој, како што истакна, ќе бидат утврдени павилата и ќе биде донесена одлуката за попишувањето.

-Пописот треба да се спроведе и јас врувам дека може да се спроведе, 2020-та или 2021 година најдоцна треба да го спроведеме. Пред изборите е кампањата, тогаш не може, за време на изборите не може, а по изборите треба да се составува влада па да се конституира парламент и тука исто така се губи можноста, напомена премиерот.

Во врска со ставот дека пописот може да се спроведе во исто време со предвремените избори, рече дека тоа го кажал зашто идејата беше да има избори кон крајот на октомври, па оттука, попис да има напролет.