Македонија
26. March 2021 - 11:22

Заев: Попишувачите меѓу приоритетните групи за вакцинирање

Премиерот Заев верува дека ќе биде испочитуван редоследот кој е даден од здравствената комисија, а тоа се покрај здравствените работници, да се вакцинираат и повозрасните, хронично болните…

- Тука се и приоритетите на попишувачите кои треба да тргнат во спроведување на пописот, секако треба да водиме грижа за нашата полиција, нашата војска и понатаму согласно она што значи препорака на здравствените комисии, да го следиме тој процес и да бидеме одговорни граѓани. Само на тој начин ќе ја спречиме заразата да продлжи да се шири и да ја победиме пандемијата, нагласи премиерот Заев.