Заев – Помпео во Атина: Безбедноста и стабилноста на регионот никогаш не биле позначајни во последните 20 години
На конференцијата на Економист во Атина имав средба со нашиот пријател Мајк Помпео, поранешниот државен секретар на САД. Помпео е голем поддржувач на Северна Македонија и на македонскиот народ, кој во клучниот период пред нашето зачленување во НАТО даде голем придонес за успешно заокружување на овој наш стратешки и безбедносен приоритет, напиша Зоран Заев на својот фејсбук профил.
– Безбедноста и стабилноста на регионот никогаш не биле позначајни во последните 20 години. Соработката со развиените безбедносни системи на земји како САД и Израел се од огромно значење и за НАТО алијансата и за Северна Македонија. Со министерот за одбрана на Израел Бени Ганц се согласивме дека европската интеграција на Северна Македонија во овие моменти на воена инвазија врз територијата на Европа е клучна за стабилноста на Балканот, објави на фејсбук Заев.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд