Македонија
25. October 2020 - 21:53

Заев подготвен да демонстрира целосно почитување на договорот со Бугарија

Македонија е подготвена со писмена декларација да и гарантира на Бугарија спроведување на Договорот за добрососедство. По интервјуто на Каракачанов за Сител во кое побара дополнителни гаранции, Премиерот Заев го направи првиот чекор.

За опозицијата предлог на премиерот е неприфатлив. Од таму велат дека по преземањето на власта сите дополнителни отстапки кои ќе ги направи Заев ќе бидат поништени и нема да се почитуваат

Македонија и Бугарија имаат простор да го решат билатералниот проблем пред 10 ноември за кога е закажан состанокот на Советот за општи работи во Брисел кој е последната можност за Софија во оваа фаза да стави вето и да го блокира стартот на преговорите.