Македонија
27. April 2017 - 16:04

Заев побара да се гласа за претседател

- Парламентарното мнозинство оформено овде и  декалрирано овде ве моли да прекинете да го кршите членот 89 по Деловникот на Собранието на РМ, да прекинете да го кршите членот 90, 91, да го искористите членот 68 и да продолжите седницата после 18 часот. Буквално парламентарното мнозинство ве моли да прекинете да го кршите членот 78, рече Заев. Посочи дека ова е конститутивна седница на која претседавачот и  пратениците имаат за цел на најбрз и најефикасен начин да изберат претседател на Собранието РМ  и да завршат со конституирањето на седницата на Парламентот.

Потренцира дека од вкупно 120 пратеници, парламентарното мнозинство има 69 пратеници и оти тие, како што рече, буквално молат да заврши процедурата час поскоро со избор на претседател на Собранието на РМ. - Шеесет и два пратеника со својот потпис стојат зад колегата Талат Џафери да биде избран за претседеател на Собранието на РМ, рече Заев.

- Ве молам најучтиво немојте да го кршите Деловникот, законот и Уставот на РМ. Овде постои декларирано и оформено мнозинство, Тоа мнозинство тоа нема да ви го дозволи. Ова мнозинство овде ја завршува мислата. Ова мнозинство овде има право и обврска да избере претседател на Собранието од своите редови и за тоа ќе  носи одлука. Ќе носи одлука во оваа сала, ќе носи одлука во некоја од другите сали во Собранието, во ходникот, на скалите, во амфитеатарот на Правниот факултет, во МАНУ, ќе носи одлуки, посочи Заев.