Македонија
26. May 2020 - 12:36

Заев: Овозможивме здравствените работници својата иднина и кариера да ја гледаат дома

Ги зајакнавме професионалните капацитети на здравствените работници и овозможивме тие својата иднина и кариера да ја гледаат дома, во нашето јавно здравство.

 Во периодот од декември 2017 до февруари 2020, ги покачивме платите на здравствените работници и тие сега изнесуваат:

- 111.377 денари за доктори специјалисти,

- 122.810 денари за наставниот кадар во здравството,

- 58.991 денари за докторите на медицина и

- 50.376 денари кај медицинските сестри со Висока стручна спрема, односно 38.182 денари кај медицинските сестри со Средна стручна спрема.

Вложувањата кои Владата предводена од СДСМ ги направи во здравството преку унапредување на услугите за пациентите и работните услови за здравствените работници, овозможија успешно да се справуваме со најголемата светска здравствена криза во изминатите децении. Со ова стана уште повидливо дека здравството е еден од основните општествени столбови.

Продолжуваме да вложуваме во одржлив здравствен систем!