Македонија
20. March 2020 - 14:32

Заев: Ова е борба за сечиј живот, да бидеме одговорни

Да бидеме одговорни, да се почитуваме, да си помагаме, да се чуваме. Секој живот е важен, секој човек е важен!

Ова се тешки времиња, но ние сме тука да им служиме на граѓаните, да им помогнеме на компаниите, на работниците. Подготвуваме голем пакет на нови економски мерки, да ги задржиме вработените и да ги одржиме фирмите. Државата ќе помогне солидарно, на здрави основи.

Верувам дека Македонија е во кондиција да обезбеди најголема помош по глава на жител споредемо со земјите од соседството.

Ние сме тука заедно да го победиме невидливиот непријател и заедно да се справиме со сите економски последици.