Македонија
7. јуни 2017 - 16:32

Заев оптимист за членство во НАТО под привремената референца - просечна плата од 500 евра до 2019 година

Заев е оптимист за добивање покана за членство во НАТО под времената референца ФИРОМ. Во вчерашното интервју со уредници од 9 телевизии, соопшти дека позитивен сигнал добил од Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. Новата влада, според премиерот ќе гради позитивен амбиент со Грција за конечно отстранување на ветото ставено во 2008ма.
 
Ќе создадеме позитивен амбиент со Грција за таа да не ослободи од ветото за да станерме членка под времената референца. Не може да побартате ако провоцирате, потребни се инклузивни политики. Ген сек на НАТО изразил желба летово да ја посети макеоднија Изразил надеж да соопшти убава информација. Се надева заев дека ќе даде причини. Пенетрираше истокот и има разочараност од чекање за нато и еу. Имаме наклоност на Вашингтон и Брисел – геостратешки но и за граѓаните на РМ.
 
Заев вели дека има прецизни агенди за приближување на земјата и кон Европската Унија. Владина делегација на 12ти јуни ќе отпатува во Брисел на средбни со Јункер, Хан и Могерини. Кон крајот на месецот премиерот очекува да ја посети и Бугарија која е следен претседавач со Европската Унија. Вели дека на средбите ќе се прецизира реформската агенда чие спроведување треба да доведе до добивање датум за старт на преговори за членство.
 
Првиот човек на владата најави исполнување и на ветената просечна плата од  500 евра. За овој резултат постави рок до 2019та година.
 
Заев обвини дека во државната каса се останати само 6 милиони евра и дека земјата има висок јавен долг.
 
По интервјуто од ВМРО-ДПМНЕ ги демантираа ваквите тврдења и побараа Заев да ги исполни своите предизборни ветувања. Партијата смета дека, уште во првите денови граѓаните виделе колку вреди зборот на СДСМ и на нивниот претседател.