Македонија
21. May 2019 - 16:27

Заев оптимист, Дескоска се надева на консенсус за СЈО

Иако работните групи до сега тврдеа дека нема напредок во преговорите за СЈО, премиерот Заев смета дека процесот е успешен.. Вели дека во тек е дијалогот кој го води Министерството за правда и очекува постигнување договор во следните седум дена, непосредно пред објавување на документот за напредок на државата..

Тонско Зоран Заев, Премиер

„Мислам дека овие денови пред објавувањето на извештајот на 29 мај да го заокружиме овој процес и двете условно кажано страни во преговарачкиот процес да објават дека е постигнат договор. Тоа е важно заради тоа што и самиот извештај ќе биде позитивен, но не би требало да оставиме како држава каков било аргумент на Економскиот совет. Да не дозволиме да имаме каква било дамка или причина за кој било и било што да го одолговлекува“, изјави Зоран Заев, Премиер.

Министерката за правда вели дека нема утврден термин за нова средба.. Очекува одговор од ВМРО-ДПМНЕ за истрагите отворени по истекот на рокот од 18 месеци, за кои вели дека решението за нив се бара во постојните закони.. Дескоска се надева на договор со опозицијата во рокот кој го прецизира премиерот..

Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ го охрабрува дијалогот меѓу двете најголеми партии за пронаоѓање заедничко решение.. Велат дека имаат забелешки на законот за СЈО но тие дополнително ќе ги соопштат..

Преговорите меѓу министерството за правда и опозицијата за статусот на СЈО се одвиваат повеќе од два месеци.. За надминување на разликите беше најавена и лидерска средба, за која Заев изјави дека ќе се одржи само ако има исчекор во преговорите..