Македонија
9. September 2018 - 19:04

Заев: Односите со Русија може да се унапредуваат во повеќе области, но алтернатива за НАТО и ЕУ нема

Нема докази за диркетно мешање на Русија или на која било земја во внатрешните работи на Македонија. Ставовите на пријателска Русија, но и на другите пријателски земји се познати. Сите заедно се за ЕУ, но за НАТО Русија има поинаков став од ЕУ и САД. 

Ова го истакна денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање.

- Но за нас е важен ставот што го имаат мнозинството граѓани на земјава, кои не гледаат друга алтернатива освен полноправно членство во НАТО и ЕУ.

Нагласи дека бројките се над 80 отсто граѓани за НАТО, а само пет отсто против.

Премиерот истакна дека односите со Русија може да се унапредуваат во повеќе области - економијата, православното христијанство, културата, образованието и друго, но напомена дека алтернативна за НАТО и ЕУ нема.