Македонија
5. October 2021 - 20:04

Заев одлучи: Филипче и Хасани остануваат, оставките не се прифаќаат

Филипче и Хасани остануваат на своите функции. По извештајот на тетовското обвинителство, премиерот реши да пресече- менаџерска и политичка одговорност не е потребна, оставките не се прифаќаат.

Иако најави, Заев не го дочека целосниот крај на истрагата пред да донесе одлука за иднината на менаџерите во здравството,. Според него не било нивно да контролираат далчи во модуларната болница се користат продолжени кабли или полначиз а мобилен телефон. Сега, дури по гоклемата трагедија, бара здравствените власти да спроведат детални контроли во сите монтажни објекти за да утврдат како функционираат.

ВМРО ДПМНЕ обвинија дека власта со овој чин одлучила наместо да бара одговорност, да ја спасува коалицијата ДУИ-СДСМ.

По смртта на 14 лица во пожарот, единствени коиз аминуваат од функциите ќе бидат двајцата директори на тетовската болница.

Тие поднеле неотповиклчиви оставки, па владата на нивно место ќе назначи нови менаџери.