Македонија
25. March 2019 - 14:38

Заев од Куманово: Не се плашете дека децата ќе ви одат во војна

Премиерот Зоран Заев, на денешната трибина „Фер општество – шанса за сите“ која се одржува во Куманово, им порача на граѓаните да бидат спокојни, затоа што членство во НАТО и ЕУ значи дека безбедноста ќе биде на високо ниво.

Да не се плашите дека децата ќе ви одат во војна. Куманово ни е пркосот, Куманово е паталец низ минатото наше. Куманово давало жртви. Затоа Куманово знае колку е важно да градиме пријателство. Да споделуваме мир и да учествуваме во обезбедувањето на мирот. Куманово останало во меморијата колку е голема болката, истакна Заев.