Македонија
23. July 2017 - 16:07

Заев од Босна: Добрососедските односи остануваат приоритет на патот кон ЕУ

Македонија и Босна се пријателски земји без отвборнеи прашања , односите меѓуѕ нив се развиваат во нагорна линија во сите области. Ова е констатирано на средбата меѓу макеоднската владина делегација преводена од премиерот Заев со претседателот на советот на министри на Босна Денис Звиздиќ.

Двајцата лидери на владите на Република Македонија и на Босна и Херцеговина, изразија огромно задоволство од севкупната подготвеност на двете земји да соработуваат и на регионален план, како  из а оствраување на заедничката цел членство во Европската Унија.

Заев вели дека денеска во сараево е испратена порака за за поисилна регионална соработка што беше утврдена на Самитот во Трст неодамна,. Клучно е економско приближување на двете земји од Западен Балкан.

Двајцата премиери договрија и возвратна посета на Скопје кога ќе може да с епоитврди реализацијата на договорените заеднички иницијативи патување меѓу двете земји само со лични карти, авионска линија Скопје Сараево признавање на возачките дозовли што ќе придоесе за поефикасна економска соработка.

Мултиетиничкиот карактер на двете земји е сериозна предност за напредок во севкупниот развој планиран меѓу Македонија и БИХ.

Во состав на делегацијата која ја предводи Заев се Оливер Спасовски, министер за внатрешни Работи, Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Бектеши Крешник, министер за економија, Роберт Алаѓозовски, министер за култура и Едмонд Адеми, министер без ресорзадолжен за дијаспората.

Владината делегација имаше средби и со високи претставници на Претставничкиот дом на Парламентарното Собрание на Република Босна и Херцеговина, со Претседателството на Република Босна и Херцеговина, како и со лидери на одделни политички партии.

Во текот на ова попладне, делегацијата на Република Македонија ќего посети спомен обележјето во Ротимље, во чија близина трагично го загуби животот Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски и членовите на неговата придружба.

За посетата во македонската делегација во Сараево владее исклучителен медиуми интерес, сооптши владината ПР служба.