Заев: Очекуваме функционален парламент и политичка влада во Софија за добивање на зелено светло
Очекуваме функционален парламент и политичка влада во Софија за добивање на зелено светло, односно одблокирање на Македонија на нашиот пат кон Европската унија, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето на камен темелник за затворен пазар во Виница.
Според Заев, при посетата на Бугарија и билатералните разговори на 17 јуни биле адресирани сите важни работи и очекува декември годинава да биде донесена одлуката.
Тој, исто така, изрази надеж дека изборите во Бугарија ќе бидат исклучително успешни и политичарите ќе креираат коалиција, што ќе биде парламентарно мнозинство и ќе формираат нова бугарска влада, со која ќе ги продолжи разговорите.
– Сакам да им посакам среќа и успех на Бугарите и на бугарската држава на изборите утре, затоа што важно е секоја држава, така и нашиот источен сосед да има стабилен Парламент и да има стабилна политичка влада, рече Заев.
Не се откажуваме и продолжуваме, посочи Заев, се додека не го решиме ова отворено прашање.
-Лично мислам дека ги адресирав сите важни работи на билатералните разговори на 17 јуни при посетата на Бугарија. Остана да се избере бугарскиот парламент и да се избере владата за да имаме надеж дека ќе се донесе одлука. Очекувам декември годинава да биде донесена одлуката, но секако да оставиме процесите да бидат успешни за да може да се израдуваме со позитивна одлука, изјави Заев.
Потсети дека 16 ипол години земјава е земја кандидат и дека ниту една друга земја не била толку пофалена и позитивно оценета.
– Верувам дека ова е повеќе прашање на достоинство на ЕУ, отколку наше. Тоа е нашиот пат, ние друг пат немаме и верувам дека ќе се случи, изјави Заев.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација