Заев очекува следната недела да стигнат антиковид вакцините од „Фајзер“
Премиерот Зоран Заев на денешната онлајн дебата со Атланскиот совет на тема „ Македонија на прагот од Европа“ изрази надеж дека следната недела земјава ќе добие вакцини против Ковид-19 од „Фајзер“, а потоа и од другите производители.
Запрашан околу набавката на вакцини против Ковид- 9 во Македонија, Заев истакна дека земјава меѓу првите се вклучила во КОВАКС механизмот за набавка на вакцини, но, како што истакна секаде е истиот проблем – нема доволни количества на вакцини и затоа доцни испораката.
– Јас се надевам дека следната недела ќе имаме од вакцините на „Фајзер“, а понатаму и од другите вакцини, потенцираше премиерот.
Тој посочи дека бројките со инфицириани со коронавирусот во земјава се стабилни и оти има над 60 отсто слободни места во болниците за лекување од Ковид-19.
Околу набавката на вакцини од Кина и Русија, Заев истакна дека вакцинацијата не е некаква геостаратешка определба и секој може да се обиде да нарача од секаде.
Ново на Сител
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4