Македонија
7. April 2016 - 11:10

Заев обвини: Груевски ги држи министрите Спасовски и Ременска како заложници во Владата

Лидерот на СДСМ Зоран Заев синоќа на  прес-конференција по распуштањето на Собранието, соопшти дека тие нема да учествуваат на предвремените избори на 5 јуни и го обвини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски дека ги држи министрите Оливер Спасовски и Фросина Ременски од редовите на СДСМ како заложници во Владата.

Според Заев спротивно на нивната волја Оливер Спасовски и Фросина Ременски се принудени да земаат плати како министри и да ја извршуваат функцијата.

– Нашите министри многу навремено денеска ги поднесоа своите оставки со дополнителните заменици министри. Секако одлуката видовте не зависи од нас. Некој се дрзна во заложништво да држи луѓе во Влада која што има намера да спроведе криминални избори. Ние ќе направиме се нашите министри да не бидат во таа Влада. Ќе го прашате Никола Груевски и парламентарното мнозинство зошто ги држи во заложништво. Нашите министри немаат намера да учествуваат во Влада која што има намера да организира нерегуларни, нефер и недемократски избори, рече Заев.