Македонија
1. јуни 2020 - 16:44

Заев објави - избори на 5 јули - ВМРО-ДПМНЕ: Размислувањето за избори е тотална лудост

Нема отстапки од 5 јули како датум за одржување на изборите, објави лидерот на СДСМ Зоран Заев и покрај големите бројки за новозаразени и починати од коронавирусот изминативе неколку денови.

Заев, вели изборните дејствија продолжуваат веднаш по завршување на оваа вонредна состојба и дека на сила потоа стапува уредбата за избори. Лидерот на СДСМ вели дека неиздржливо за државата е да нема функционални институции особено не е возможно без Собрание.

Заев потврди дека преговорите со опозицијата за нов датум за избори се одвивале до крајот на минатата недела, пред истекот на претходната вонредна состојба, но дека сега не се разговара.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со овие бројки, со кој овој понеделник станува црн понеделник е тотална лудост. Обвинуваат дека Заев ова го прави за да стане пратеник со имунитет.

Од ДУИ остануваат на ставот од централното претседателство дека ситуацијата со КОВИД-19 е сериозна и дека секој треба да ги почитува заштитните мерки. Датумот за избори треба да биде консензуално одреден, а 5 јули се уште е опција.